На Твитер и интернет-просторот честопати се објавуваат слики од тоа како предмети – плодовите на човековата рака „се стопуваат“ со природата… Следат неколку примери.

1. „Праисториски“ автомобил покриен со мов, трева и други растенија, изгледа како „природата да сака да го изеде“, како што прокоментира некој.

2. Дрвото пораснало и „го голтнало“ сообраќајниот знак за „деца на патот“.

3. Камионче на дрво, заглавено на него толку долго време, што „пораснало“, односно се издигнало, заедно со растението. Така вели едно објаснување…

4. Парче од сронет ѕид од црвени тули, се нашло во океанот, каде што морската вода и природата си го обликувале „по свој вкус“ – и терк.

5. Древен, буквално антички знак со натпис „пази куче!“, или на латински – „Cave canem!” Според „Рисрчгејт“, се работи за мозаик од римскиот град Помпеја кој настрада по ерупцијата на вулканот Везув, 79 година од нашата ера. Но, доста од артефактите и наодите, се речиси недопрени.


Администратор
20/07/2021 13:28