Во организација на хотелот Атва Резиденс Кичево, викендов беше организирана првата адреналинска тура со четирицикли од село Добреноец до врвовите на Бистра и назад, со должина на патеката од 55 километри. Во оваа тура учествуваа шест четирицикли од кои еден инструктор и пет заинтересирани лица за вакви тури.

– Годинава сезоната на АТВ тури низ планините во Западна Македонија ја отворивме изминатиот викенд со рута на релација од хотел„ АТВА Резиденс“ во село Добреноец до планината Бистра и назад, со должина од 55 километри, и за 4,5 часа се искачивме од надморска височина од 657 метри на старт до 1 837 метри на планината Бистра .Со исклучок на првиот километар, останата тура се вози по планински пат, вели Томче Филипоски организатор на овие тури, кој смета дека алтернативниот туризам ќе најде свое место во работата на угостителските објекти, кои не се крај едно од нашите езера.

-Со првата рута ја освоивме Бистра и уживавме во нејзините врвови во прекрасни пејсажи и поглед кон две котлини Кичевска и Полошка.Додека, се возевме по бескрајни земјени патишта, се дружевме и фотографиравме, а планинските езера создадени од топењето снегот беа посебно доживување. Свежиот планински воздух во целост ја дополни нашата адреналинска еднодневна тура и не повика на повторно дружење во некој од нарените викенди, додава Филипоски.

Тој појасни дека во овие АТВ тури ќе се вози на пет различни должини, од кои најкратката должина изнесува 20 километри, која се поминува за период од 1,5 до 2 часа а учеството во оваа тура учесниците ги чини 40 евра. Следните тури се со должина од 35,55,85 и најдолгата тура од 125 километри која трае два дена а со специјалните возила учесниците ќе се искачат на надморска височина од дури 1905 метри. Цената за учество во најдолгата тура изнесува 345 евра за едно лице со две ноќевања и 395 евра за две лица на едно возило ,исто така,со две ноќевања.Според првите сознанија голем е интересот за овие адреналински тури