Премиерлигашот Астон Вила се обидува да го задржи играчот од средниот ред Џек Грилиш во тимот, пренесува „The Telegraph“.

Според британскиот весник, клубот на 25-годишниот Англичанец му нуди нов договор со плата од 150 илјади фунти неделно.

Во сезоната 2020/2021, Грилиш забележа 27 настапи за Астон Вила, постигнувајќи седум голови и 12 асистенции.

Порталот Transfermarkt.com го проценува играчот на 58,5 милиони фунти.

На 26 јуни беше објавено дека Грилиш ги договорил условите за трансфер во Манчестер сити.