Најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо ги сподели своите размислувања по поразот во осминафиналниот натпревар со Белгија (0:1) и елиминацијата од ЕВРО 2020.

– Не го постигнавме посакуваниот резултат и го напуштивме турнирот порано отколку што сакавме. Но, ние сме горди на нашиот пат. Дадовме сè од себе да ја одбраниме титулата европски шампион. Овој тим докажа дека сепак може да донесе голема радост за Португалците.

Нашите навивачи неуморно го поддржуваа тимот од почеток до крај. Бегавме и се боревме за нив да ја оправдаме довербата што ни беше дадена. Не успеавме да го постигнеме она што го сакавме, но изразуваме искрена и длабока благодарност.

Честитки за Белгија и со среќа на сите репрезентации што останаа на турнирот. Што се однесува до нас, ќе се вратиме посилни, напиша Роналдо на Инстаграм.

Португалија беше бранител на трофејот освоен во 2016 година.