Во изминатите три дена на Осломејско езеро се одржа пријателски крапски натпревар на кој учествуваа екипи од локалното подрачје.
– Екипите ги сочинуваа по двајца натпреварувачи, а риболовот се одвиваше непрекинато полни 50 часа, од петокот претпладне до денеска напладне, потврди Бесмир Елези претседател на риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево, организатор на овој крапски пријателски натпревар.
Победник или екипа со најбогат улов беше риболовната екипа„ Оки Лола Кинг“ од Кичево, која во овој 50 часовен ловен маратон улови седум примероци крупен крап од кој најкрупниот примерок имаше 5,800 килограми.
– Второто место го освои екипата на „Алхемичари“ со вкупен улов од 16,320 килограми со уловени седум примероци на крап. Третото место и припадна на екипата организатор на овој риболовен крапски натпревар „Хантер Фиш“ од Кичево, кои имаа вкупен улов од 13,260 килограми со вкупно пет примероци на крап, информира претседателот Бесмир Елези.
Додаде дека резултатот не бил во преден план, најважно од се била дружбата и заедништвото што го негуваат риболовците од овој регион.
Тој за во текот на есента најави и два силни риболовни натпревари, на кои ќе земат учество најдобрите риболовци од земјава, а не се исклучува и можноста да има и учесници од странство.