Македонската сениорска репрезентација, во состав Кристијан Станојковски и Билјана Младенова, предводени од селекторот Сашко Богатинов, достојно ја претставија нашата држава на Европското првенство во пинг-понг во поединечна конкуренција во Варшава, Полска.

– Познавајќи го квалитетот на европските професионалци, нашите претставници покажаа борбеност, мотивираност во секој поен, со освојување на некој сет. И во вакви тешки моменти на пандемија, кога доста селекции го откажаа учеството на ЕП, сепак ППФМ одлучи да бидеме дел од европското пингпонгарско семејство, промовирајќи ја својата држава, соопшти ППФМ

Кадетите и јуниорите ќе учествуваат на Балканското првенство во пинг-понг во Албена, Бугарија каде што ќе се одржат натпреварувања во екипна и поединечна конкуренција.

– Вкупно десет натпреварувачи четири кадети и шест јуниори ќе ја претставуваат Македонија на ова натпреварување. Нашите репрезентативци на ова натпреварување ќе бидат предводени од тренерите Зоран Јованоски и Гоце Тошески, стои во информацијата на федераацијата.