Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков, денеска приреди прием за петте ученици кои беа прогласени за првенци на генерациите во општинските основни училишта за учебната 2020/21 година.

Градоначалникот им оддаде признание на првенците Радмила Зашева, Зорица Геровска, Јована Ѓореска, Ивана Грујиќ и Живко Узунов за постигнатите резултати и нивниот континуиран одличен успех во текот на основното образование и им врачи решенија за парични награди од по 5.000 денари.

Поцков им посака уште многу успеси во понатамошното образование и нивно остварување на професионален план.

– -Вашиот избор за упис во средно образование нека биде рационален, со јасна визија и силна волја за напредување и постигнување на она што го планирате. Се надевам дека еден ден, по завршување на образованието, ќе се вратите во вашиот роден град и ќе дадете придонес во неговиот општествен развој, рече Поцков.


Администратор
23/06/2021 13:33