Репрезентациите на Белгија и на Данска обезбедија учество во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2020. Финска како третопласирана во групата ќе го чека исходот во другите групи, додека за Русија турнирот заврши. Ова е епилогот по вечерашните средби од 3. коло Б-група.

Резултати:

Финска – Белгија 0:2

Русија – Данска 1:4.

Табела: Белгија 9 бода, Данска 3, Финска 3, Русија 3. За пласманот од 2-4 место одлучувачка е гол-разликата.