Американскиот атлетичар Рајан Кроузер го собори светскиот рекорд во дисциплината фрлање ѓуле, што од мај 1990 година беше во сопственост на неговиот сонародник Ренди Барнс.

На првиот ден од американските олимписки квалификации во сојузната држава Орегон, 28-годишниот Кроузер го фрли ѓулето рекордни 23,37 метри, со што обезбеди настап на Игрите во Токио на кои ќе го брани олимпиското злато освоено на Олимпијадата 2016 во Рио де Женеиро.

Досегашниот светски рекорд во сопственост на Барнс изнесуваше 23,12 метри.

– Во моментот кога ѓулето ми ја напушти раката знаев дека тоа е добро, им изјави на новинарите новиот светски рекордер Кроузер.


Администратор
19/06/2021 12:57