Словенечкиот првак Мура е противникот на Шкендија на стартот од новата сезона во фудбалската Лига на шампиони, одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Македонскиот шампион ќе биде домаќин на првиот натпревар, што ќе се одигра на 6 или 7 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот во Словенија е една недела подоцна.

Победникот ќе обезбеди пласман во 2. квалификациско коло во ЛШ, додека поразената екипа својот европски настап ќе го продолжи во 2. квалификациско коло во новоформираната Конференциска лига на УЕФА.