Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани извршија увид на работите за реконструкција на патниот правец до село Зубовце, кој се реализира преку проектот за „Поврзување на општините со локални патишта”. Проектот е вреден единаесет и пол милиони денари и треба да биде завршен за половина година.

Министерот Бочварски напомена дека ова е еден од најзначајните проекти за граѓаните, реконструкција на улици и локални патишта.

– Покажуваме континуирана грижа за сите граѓани преку реализација на капитални проекти со кои ги подобруваме условите за живеење како во урбаните така и во руралните средини. Нашите заложби за просперитетна држава, за рамномерен регионален развој и подобро општество за сите ги темелиме на прнципот на еднаковост, рече Бочварски.

Во рамки на посетата на општина Врапчиште, министерот Бочварски оствари средба со градоначалникот Исен Шабани и го потпишаа договорот за реконструкција на локалниот пат до село Зубовце, инвестиција од 11,5 милиони денари. Станува збор за патен правец од два километри, а работите се очекува да завршат за седум месеци. Реконструкцијата на овој патен правец е на барање на локалните жители и со неговата санација ќе се обезбеди подобра комуникација меѓу селата Зубовце и Врапчиште, а ќе придонесе и за поголема безбедност.

Во разговорите со локалното население и претставниците на локалната самоуправа министерот Бочварски ги разгледал и состојбите со проекти од локално значење за граѓаните и општината.

– Во овој момент со општината работиме и на реконструкција на водоводната мрежа за село Врапчиште, проект вреден 20 милиони денари. Со него е предвидено проширување на водоводна мрежа со што ќе се покријат сите делови на селото кои се во согласност со новиот урабинистички план за селото Врапчиште, нагласи Бочварски.

Тој напомена дека Владата активно работи и на проектите за изградба на Коридор 8. Низ оваа општина поминува автопатот Тетово- Гостивар, за кој е предвидено модерно автопатско решение со уште една автопатска лента во правец Гостивар Тетово.


Администратор
14/06/2021 13:07