Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички го доведе второто ново име во пресрет на новата сезона. Анес Османовски е ново засилување за тимот предводен од тренерот Александар Влахо.

Спортскиот директор Горан Станковски е задоволен што Османовски го прифати предизвикот да му пристапи на Работнички.

– Анес Османовски е квалитетен фудбалер од средниот ред кој ја минал германската фудбалска школа во Минхен 1860, а потоа и во Унтерахинг. Успеавме да постигнеме договор да ни се придружи и лично се надевам дека ќе донесе квалитет плус и ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот. И во наредниот период продолжуваме со активности на трансфер-пазарот во пресрет на новата сезона, изјави Станковски за клупскиот сајт.

Претходно, за Работнички потпиша и дефанзивецот Бојан Илиевски кој дојде од редовите на Пелистер.


Администратор
14/06/2021 13:02