ЈП ЛАЈКА ги повикува сите љубители на кучиња на 6-тиот по ред ОТВОРЕН ДЕН, кој ќе се одржи во сабота, 19.06.2021 од 10:00-14:00ч. Како дел од програмата на ОТВОРЕНИОТ ДЕН, волонтерите ќе имаат можност да се запознаат, дружат, забавуваат, играат, да ги чешлаат и бањаат кучињата, а истовремено да уживаат со нив во неколкучасовни едукативни и креативни активности во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА. Притоа ќе може да добијат информации за секое од нив, за целиот хуман третман низ коишто имаат поминато, за процесот на вдомување, како и практични совети за вдомување на куче. Градењето на хумани генерации и подигнувањето на свеста за грижа на бездомните кучиња е една од целите на програмата на ЈП Лајка. Сите заинтересирани може да се пријават на 📩volontiraj@lajka.com.mk.


Администратор
14/06/2021 12:04