Во следните денови од пустината Гоби ќе биде лансиран кинески вселенски брод со тројца членови на екипажот. Космонаутите ќе бидат транспортирани до вселенскиот модул, каде ќе останат три месеци.

Првпат по речиси пет години Кина испраќа екипаж во Вселената.

Шенжу-12, што значи „Божествен брод”, е трета од вкупно 11 мисии со што Кина сака да ја доврши својата вселенска станица до 2022 година. Од нив, четири ќе бидат со екипаж, со вкупно 12 кинески астронаути.

Од 2003 година Кина има испратено 11 лица во Вселената.

Законите на САД забрануваат американска вселенска агенција НАСА да има каква било врска со Кина, што значи дека нејзините астронаути немаат пристап до Меѓународната вселенска станица, која досега ја посетиле повеќе од 240 мажи и жени од различна националност.


Администратор
14/06/2021 11:54