Репрезентацијата на Украина синоќа загуби од Холандија (2:3) на натпреварот Ц-групата на Европското фудбалско првенство 2020. Украинскиот тим загуби шест натпревари по ред на Европските првенства и го повтори негативниот рекорд на репрезентацијата на Југославија.

Серијата започна со натпревар против репрезентацијата на Франција на Евро 2012.

Оттогаш, Украинците загубија и од Англија, Германија, Северна Ирска, Полска и Холандија.

Толку долга серија на порази ја имаше и поранешна Југославија, која загуби на шест натпревари помеѓу 1968 и 1984 година.


Администратор
14/06/2021 11:46