Кристијан Ериксен го одбележа вчерашниот ден на Европското првенство.

Тој колабираше во самиот финиш од првото полувреме на натпреварот против Финска, по што на теренот завладеа молк, но и паника.

Брзата реакција на медицинските лица е за секоја почит, но и гестот на еден навивач на Финска пред Ериксен да биде изнесен.

Поради тоа што немале доволно материјал за да биде направен импровизиран параван околу Ериксен, навивач на Финска кој бил во непосредна близина, го отстапил неговото национално знаме, со порака до медицинскиот тим да му кажат на Кристијан Ериксен дека му посакуваат од се срце брзо опоравување и што побргу враќање на терените.


Администратор
13/06/2021 05:25