Откако судијата Ентони Тејлор молскавично реагираше и бараше лекарска интервенција кога Кристијан Ериксен падна во безсознание на натпреварот против Финска, прв кој дотрча за помош беше дефанзивецот на Милан, Симон Кјаер.

Соиграчот на Кристијан Ериксен од Данската репрезентација веднаш му го извади јазикот и почна да му дава вештачко дишење, откако претходно судијата Тејлор за само 5 секунди реагираше и даде знак на медицинската екипа брзо да реагира.

Со коментар за целата ситуација излезе и докторот на Данската репрезентација.

„Кога стигнавме до него, тој дишеше. Но, состојбата се смени многу брзо, и почнавме со масажа на срцето. Добивме фантастична помош од докторот од стадионот и другите лица од брзата помош. Благодарение на заедничката соработка со нив, успеавме да го вратиме Кристијан. Пред да го однесат во болница, тој зборуваше со мене“ – раскажа Боесен.

Ериксен падна како покосен во финишот на првото полувреме на мечот меѓу Данска и Финска, откако претрпе срцев удар на сред терен. Сцената беше страотна, но за среќа по долга интервенција на медицинските лица, но и благодарение на молскавичната реакција на Тејлор, Кјаер и на докторите, Ериксен се освести и се наоѓа во стабилна состојба.


Администратор
13/06/2021 03:12