Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска ќе бидат потпишани спогодби за испраќање економски советници од министерствата за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што соопшти МНР, спогодбите ќе бидат потпишана од страна на шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши и од заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, по што тројцата ќе дадат изјави за медиумите.


Администратор
12/06/2021 11:48