Шпанските фудбалски репрезентативци денеска се вакцинираа против Ковид-19, соопшти националниот фудбалски сојуз, три дена пред премиерниот натпревар на Црвената фурија на ЕУРО2020 против Шведска.

Фудбалерите „сега примија комплетна вакцина против Ковид-19“, се наведува во соопштението што Шпанската фудбалска федерација го објави на својот Твитер профил, илустрирајќи го со фотографии од вакцинирањето на репрезентативците.

Вакцинирањето го спровеле припадници на шпанската армија, кои согласно одлуката на државните власти, влегоа претпладнево во строго забранетиот за движење тренинг камп на репрезентацијата близу Мадрид.

Дел од шпанските фудбалери ја примиле вакцината во една доза од производителот „Џонсон и Џонсон“, додека другите ја примиле втората доза од вакцината на компанијата „Фајзер“.

Во неделата беше соопштено дека Серхио Бускетс е позитивен на коронавирус и поради тоа ќе го пропушти ЕУРО2020.


Администратор
11/06/2021 21:31