Одбројувањето до почетокот на ЕУРО 2020 влезе во последната недела спроти премиерниот натпревар меѓу Италија и Турција на 11 јуни во Рим, два дена пред историскиот настап на македонската репрезентација против Австрија во Букурешт.

Титулата европски првак досега ја освојувале десет земји, а најуспешни се Германија и Шпанија, кои по три пати триумфираа во европските финалиња.

Шпанија славеше во 1964, 2008 и 2012 година, а покрај трите европски титули, „црвената фурија“ може да се пофали дека е единствената репрезентација, која успеала да ја одбрани титулата (2008 и 2012).

Три европски титули има и Германија (1972, 1980 и 1996), а германската репрезентација, притоа, е и единствената со три едноподруго пласмани во финалните натпревари (1972, 1976, 1980).

Европски шампиони:

1960 СССР

1964 Шпанија

1968 Италија

1972 Германија

1976 Чехословачка

1980 Германија

1984 Франција

1988 Холандија

1992 Данска

1996 Германија

2000 Франција

2004 Грција

2008 Шпанија

2012 Шпанија

2016 Португалија.