Иако за овој викенд беше влезен во календарот првиот кружен натпревар во автомобилизам за годинава, сепак љубителите на брзините од регионов и земјава ќе останат пократки за еден интересен и возбудлив авто-натпревар.
Од АФМ не добивме попрецизен одговор зошто нема да се вози денешниот натпревар и останавме пократки за вистинскиот одговор зошто првиот годинешен натпревар на кружни патеки денеска нема да се одржи.
Инаку на патеката во Кичево покрај утрешниот натпревар, требаше да се одржи уште еден натпревар на круг на 5 август. Во календарот за годинава покрај двете трки во Кичево , влегуваат и двете трки на круг што ќе се возат на патеката во Серез, Грција и тоа кон крајот од овој месец и крајот на ноември.