Возачот на Формула 1 тимот на Ферари, Чарлс Леклерк постигна најбрзо време во денешните квалификации за трката за Големата награда на Азербејџан во Баку.

За Леклерк ова е втора едноподруго „полпозиција“, откако ги освои и квалификациите во Монако пред две недели.

Светскиот првак Луис Хамилтон (Мерцедес) квалификациите во Баку ги заврши како второпласиран, додека од вториот ред ќе стартуваат Макс Верстапен (Ред Бул) и Пјер Гасли (Алфа Таури).

Трката за Големата награда на Азербејџан се вози утре со почеток од 14 часот.