Во организација на клубот за коњички спорт Илинден од Скопје утре на скокалиштето што се наоѓа до полициската станица за службени кучиња во Маџари, ќе се одржи „Јунскиот коњички турнир“ и 2. коло од отвореното Државно првенство во прескокнување на пречки за 2021 година.
На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класи А, Б, Ц и Д со височина на пречките од 0,90 м до 1.10-1,20 м.
Натпреварите ќе почнат во 10 часот.