Интегрален текст од соопштение на 16 скијачки клубови од Република Македонија

Почитувани,

Второстепената Комисија при Централниот регистар ја уважи жалбата на 10 скијачки клубови, ја поништи претходната постапка за упис, му наложи на Централниот регистар да ја повтори постапката и да ги земе предвид сите околности констатирани во Решението. Централниот регистар наместо да ја уважи волјата на мнозинството скијачки клубови и да го упишеза претседател на Скијачката федерацијаеден од нашите најтрофејни и најуспешни скијачи со учество на две олимпијади и 179 меѓународни ФИС натпревари, Дејан Пановски, оваа институција ја донела истата спорна и правно неоснована одлука од претходно. Со ваквиот скандалозенчекор една државна институција демонстрира правно самоволие и дрско ја суспендира волјата на спортистите. Наметнувањето на претседател на Скијачката федерација ја загрозува спортската иднина на македонското скијање, го нарушува меѓународниот углед на државата и потврдува дека во Република Северна Македонија политиката се меша во спортот заради остварување нечии лични и бизнис интереси.

Ние ќе продолжиме со сите правни средства да се бориме да ја истераме правдината до крај. Освен правните дејствија во управна постапка, ќе поднесеме кривични пријави за сите лица кои ги злоупотребиле јавните овластувања и службената положба во конкретниот случај.

За жал, принудени сме да ги известиме претставниците на делегацијата на Европската Унија во земјата за начинот на кој се загрозува правната сигурност и владеењето на правото, што не и приличи на една земја која претендира на полноправно членство.

Меѓународната скијачка федерација – ФИС е веќе известена за сите случувања во Скијачката федерација и официјалнозастана позади спортот и тимот што го поддржува Дејан Пановски.

Упатуваме јавен повик до Министерството за правда да изврши увид во предметот за Скијачката федерација и да истражи зошто Централниот регистар упорно постапува спротивно од фактичката состојба.

Апелираме до Владата и Агенцијата за млади и спорт да не дозволат во меѓународната јавност да се зацврсти сликата дека во Република Северна Македонија политичкото влијание е клучно при изборот на раководни структури во спортските федерации, кои најчесто не се признаени од меѓународните спортски асоцијации и организации.

Со почит,

16 скијачки клубови