Општинската администрација во Берово спроведе еко-акција по повод Денот на животната средина. Кон акцијата, како што информираа од Општината, се приклучија сите општински институции, чистејќи ги јавните површини околу општинските објекти.

-Триесетина административци од Општина Берово, денеска спроведоа успешна еколошка акција, на повеќе локации низ градот и населените места, во пресрет на 5 јуни-Светскиот ден на животната средина. Акцијата може да се окарактеризира како успрпна бидејки се соберени се големи количини комунален и кабаст отпад, информираа од Општината.

Акцијата сепак според нив покажала дека ниското ниво на еколошка свест кај граѓаните, се уште создава грди и тажни слики низ градот.

-Во таа насока Општина Берово апелира до граѓаните, да се однесуваат со достојна почит, кон животната средина и заедниците во кои живеат и да бидат пример за идните генерации, додадоа надлежните од Општината.

Вакви акции како што додадоа ќе бидат спроведени и во наредниот период.