Во Пехчево започна со работа канцеларија што ќе биде наменета за потребите на младите од оваа општина. Канцеларијата како што информираат вработените е сместена во Туристичко-информативниот центар во Пехчево и ќе биде отворена секој работен ден и ќе служи младите подобро да се запознаат со работата на општината.
-Сите млади кои имаат прашања поврзани со работата на општината, а се поврзани со младите можат да се обратат во канцеларијата секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. Целта преку отворањето на канцеларијата е младите да добијат подеднакви можности за пласирање на своите идеи и проекти со цел подобрување на животот во градот, информираа од Канцеларијата за млади во Пехчево.
За градоначалникот на општината Драги Тренчовски формирањето на оваа канцеларија ќе биде од огромен бенефит за младите. -Во насока на почетокот со работа на оваа канцеларија имаме назначено соработник за млади, а што се однесува на работата на канцеларијата таа ќе значи многу за младите затоа што тие ќе имаат можност да даваат предлози за развој на општината. во понатамошниот дел е предвидно и формирање младински совет, со што ќе се слушненивниот глас преку свои предлози за подобрување на работата на локалната самоуправа, рече Тренчовски.
Додаде дека Канцеларијата за млади и Локалниот младинскои совет ќе функционираат паралелно и ќе играат огромна улога во предлозите за развој на општината.