Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино може да остане во клуб и следната сезона и покрај намерата на премиерлигашот Тотенхем да го врати во своите редови.

Според новинарот на „Телефут“, Жулиен Мејнар, ПСЖ не сака да го пушти Аргентинецот да замине во Тотенхем, а тој нема намера да се кара со управата на клубот, бидејќи е благодарен за можноста да работи со „светците“.

Тотенхем работи на други опции, особено, испитувајќи ја кандидатурата на Ерик Тен Хаг од Ајакс.