Екипите на Младост 96 и Младост, двете од Прилеп ќе играат во финалето на суперлигашкиот плејоф во македонското пингпонгарско првенство. Младост 96 викендов го победи Телеком НЕЦ 2 против Младост 96 со резултат од 4:1 и по предноста од 1: 0 поради подобриот резултат од меѓусебните дуели во регуларниот дел од сезоната, со вкупни 2-0 во победи се пласира во финалето.
Понеизвесно беше на пресметката Младост – Шампион ФА која заврши 4:3 за прилепчани кои исто така со 2-0 во победи одат во финалето.
На средбите за опстанок, доскорешниот суперлигаш Радовиш не успеа да го одбрани своето место во елитата, откако загуби од Рисови од Скопје со 4:0 и следната сезона ќе се натпреварува во Првата лига.
Во квалификациите за Првата лига, ППК Зегин Берово беше поуспешна од битолскиот Евроспин со 4:1, со идентичен резултат ППК Крива Паланка славеше против ППК Шуто Оризари 2.
Поради откажувањето на ППК Винспин од Виница изостанаа Бараж натпреварите за пополнување на Првата лига, така што Борец Тим од Велес, Крива Паланка и Зегин Берово во следната сезона ќе се натпреваруваат во првата лига.