Хрватскиот тренер Иван Јуриќ е назначен денеска за нов шеф на стручниот штаб на италијанскиот прволигаш Торино.
Јуриќ, кој изминатите две сезони ја предводеше Верона, потпиша со седумкратниот италијански првак договор на три години.
Хрватскиот 45-годишен стратег претходно мина три сезони на клупата на Џенова, а потоа со Кротоне избори пласман во Серија А за прв пат во клупската историја.