Шпанскиот фудбалски тренер Мигел Гонзалес е нов шеф на стручниот штаб на членот на Ла Лига, Хетафе, соопшти денеска клубот.

Популарниот Мигел потпиша договор на две години со екипата, која сезоната ја заврши на 15 место и обезбеди опстанок во шпанската Примера.

Поранешниот играч за врска на мадридски Реал, 58-годишниот Гонзалес, претходно го тренираше Хетафе во периодот од 2009 до 2011 година.

Во кариерата ги предводеше и екипите на Севиља, Олимпијакос, Марсеј, Малага и мексикански УНАМ.

Гонзалес доаѓа на местото на Хозе Бордалас, кој од следната сезона ќе ја води екипата на шпанскиот прволигаш Валенсија.