Тренерот на Челзи, Томас Тухел ги сподели своите ставови за претстојното финале во Лигата на шампионите против Манчестер сити.
– Ние ги победивме двапати. Дали ова ни дава предност? Не, никако. Ова е комплетно нов натпревар. Знаеме дека финалето ќе започне од нула, мора повторно да играме на врвно ниво. Против екипите на Гвардиола секогаш е крајно тешко. Играв против неговиот Баерн, сега се сретнав со неговиот Манчестер сити. Со години гледав како напредува неговата Барселона, како таа го учи неговиот фудбал, како да напаѓа и да се брани. Направи машини за победи, а тоа го стори сега и во Англија. Со сигурност може да се каже дека Манчестер сити и Баерн беа мерила за европските клубови оваа сезона и во минатото. Ние се обидуваме да ја отстраниме разликата, а најголемата работа во врска со фудбалот е што може да се направи дури и за 90 минути. Ова е реално и ние ќе се обидеме да го постигнеме ова во финалето, изјави Тухел.
Финалето во Лигата на шампионите, Манчестер сити – Челзи ќе се одржи на 29 мај во Порто. Почетокот е во 21 часот.