Фудбалерот за врска на Ливерпул, Џорџињо Вајналдум, ќе се пресели во Барселона.

Според новинарот на „Скај Спорт Италија“, Матео Морето, неговиот трансфер го одобрија и главниот тренер на каталонскиот клуб, Роналд Куман и капитенот на тимот, Лионел Меси.

Вајналдум ќе потпише тригодишен договор. Неговиот договор со Ливерпул истекува ова лето. Неговиот агент, Хамфри Нијман и правниот советник Јан Кабалт беа во канцеларијата на Барселона на „Камп Ноу“. Тие разговараа за деталите за договорот со каталонскиот клуб.

Фудбалерот на „Камп ноу“ оди како слободен играч.