Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) го разреши денеска вршителот на должноста претседател Марко Пантелиќ и негово место го назначи поранешното звучно име на белградски Партизан, Ненад Бјековиќ.
– Оваа одлука за мене е голема чест и признание, изјави по изборот поранешниот фудбалер и тренер на Партизан, кој ќе остане на должноста до 2023 година.
– Поубаво ќе доколку бев избран за прв човек на српскиот фудбал во некои подобри околности, но како и да е, верувам дека со помош на моите најблиски соработници ќе работиме во интерес на српскиот фудбал, додаде Бјековиќ.
Новиот претседател на ФСС во кариерата беше фудбалер и тренер на Партизан и Ница, а дресот на југословенската репрезентација го облече на 22 натпревари.