Екипите на Ливерпул и на Челзи им се придружија на првакот Манчестер сити и на второпласираниот Манчестер јунајтед на списокот англиски претставници во Лигата на шампионите за сезоната 2021/22. Лестер не успеа да победи во последното коло и ќе мора да се задоволи со Лига Европа каде ќе игра и Вест Хем. Тотенхем кој го совлада Лестер успеа во последен момент да се избори за учество во новото европско натпреварување – Конференциска лига на Европа.

Ова е епилогот по одигрувањето на денешните средби од последното, 38 премиерлигашко коло.

Резултати:

Арсенал – Брајтон 2:0.

Астон вила – Челзи 2:1

Фулам – Њукасл 0:2

Лидс – ВБА 3:1

Лестер – Тотенхем 2:4

Ливерпул – Кристал Палас 2:0

Манчестер сити – Евертон 5:0

Шефилд јунајтед – Барнли 1:0

Вест Хем – Саутемптон 3:0

Вулвс – Манчестер јунајтед 1:2.

Од лигата испаѓаат Фулам, ВБА и Шефилд јунајтед.