Џуди Крајмер и Гери Гетман, продуцентите на „Мама миа!“ и „Мојот драг пријател“, ќе соработуваат со Ерик Рот – сценаристот на „Форест Гамп“ и „Ѕвездата е родена“, за филм за животот на легендарната американска пејачка Шерилин Саркисијан, попозната како – Шер.

Таа важи за една од најголемите sвезди во историјата на филмската, театарската и музичката индустрија.

За време на нејзината речиси 60-годишна кариера, Шер има добиено награди „Тони“, „Еми“, „Греми“ и еден Оскар за улогата во филмот „Moonstruck“ од 1987 година.


Администратор
20/05/2021 23:24