Швајцарската тениска ѕвезда Роџер Федерер го загуби својот прв натпревар, откако денеска се врати на теренот по двомесечна пауза.

Федерер во 2. коло на АТП турнирот во Женева беше поразен од шпанскиот специјалист за игра на земјени терени Пабло Андохар со 6-4, 4-6, и 6-4.

Федерер (39) беше слободен во 1. коло, а настапи пред домашната публика во Женева во желба да одигра што повеќе натпревари како подготовка за Роланд Гарос и Олимписките игри.


Администратор
18/05/2021 22:47