Министерство за економија во текот на денот ќе побара од надлежните институции да постапат и да ги проверат тврдењата за увоз на опасен мазут во земјава, но ние не сме надлежни да се мешаме во работата на инспекторатите, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Согласно последните законски измени инспекторатите во државата се подредени и одговараат пред Инспекцискиот совет и пред Владата, но не и пред Министерството за економија. Како Министерство пред две години набавивме независна мобилна лабораторија која е во сопственост на Бирото за метрологија на државата. Директорот на Државниот пазарен инспекторат до овој момент ја користел само еднаш во последните две години. Јас не би сакал да го користам зборот дека во тоа истражување директорот лажел, но кажал многу невистини имајќи во предвид дека токму ова мобилна лабораторија можело да се користи да се направат такви проверки, а тој ниеднаш ниту се обратил во Министерство за економија, ни во Бирото за метрологија, не ни ја известил Владата ако имал такви сознанија, рече Бектеши во одговор на прашање зошто како надлежен министер немал сознанија дека во земјава се увезува опасен мазут.

Нагласи дека Министерство за економија немале такви сознанија и додаде дека Пазарниот инспекторат не ја користел државната мобилна лабораторија и продолжил да ги користи приватните лаборатории.

-Не е вистина дека единствен критериум за увоз на мазут е нивото на сулфурот. Во правилникот за квалитетот на течните горива во втората одредба е наведено дека треба и други карактеристики да се исполнуваат согласно стандардот МК Б.Х.430 и таму е и нивото на пепел, и нивото на количината и слично. Тие контроли требало да ги направи Пазарниот инспекторат. Ги повикувам новинарите и надлежните институции да направат проверка на начинот како се правеле таквите контроли од страна на Пазарниот инспекторат и другите институции, вклучувајќи ја тука и Царинската управа, рече Бектеши и нагласи дека Министерството се погрижило да им обезбеди алатки за тие да спроведат контроли согласно сите стандарди


Администратор
18/05/2021 16:37