Од појавата на коронавирусот во земјава пред околу 14 месеци, денешниот ден ќе биде забележан како ден со најмногу оздравени од Ковид-19 во Кичево, при што оздравени се 52 пациенти.
Д-р. Неџат Балажи, началник на оддел во кичевската Општа болница информира дека во последните десеттина дена состојбата со Ковид-19 во Кичево е се подобра.
– ТАКА ДЕНЕШНИОТ ДЕН ЌЕ БИДЕ ЗАПАМЕТЕН ПО НАЈМНОГУ ОЗДРАВЕНИ ПАЦИЕНТИ ВО КИЧЕВО, ДУРИ 52. ДА БИДЕ СОСТОЈБАТА УШТЕ ПОПОВОЛНА ПРИДОНЕСЕ И МИНИМАЛНИОТ БРОЈ НА НОВОЗАБОЛЕНИ, САМО ДВАЈЦА И БЕЗ НИТУ ЕДЕН ПОЧИНАТ. БИ САКАЛЕ И НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ДА ИМАМЕ СЛИЧНИ БРОЈКИ, РЕЧЕ БАЛАЖИ.
Тој појаснува дека поради драстичниот скок на оздравени, од денеска како и од последната седмица, бројот на активни случаи забрзано опаѓа и денеска нивната бројка изнесува 159, додека од почетокот на пандемијата од ковид-19 се заболени вкупно 2526 граѓани.
Докторот посочи дека продолжува имунизацијата на населението од оваа општина во Здравствениот дом, како и во вакциналниот пунк во Охрид. Тој истакна дека досега во Кичево се вакцинирани околу 1500 граѓани со тенденција нивниот број секојдневно да се зголемува.