Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна Соба“, денеска ќе се одржи Саем за креативни искуства и размисли насловен како „Добро утро креативци“.

Настанот е организиран од Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, по повод промоцијата на првото печатено издание на Скала магазин, девет години од првиот одржан час во школата и промоција на „Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје“ како нова форма за развој и поддршка на прогресивни образовни политики и нови методи на учење.