Најголемиот дијамант во историјата е продаден денеска на аукција во Женева за 14.124.550 долари, соопшти аукциската куќа Кристис.

Дијамантот од 100,94 карати е направен од многу редок дијамант од 207,29 карати, кој е ископан уште во 2016 година. Тој станал еден од најголемите кои руската компанија Алроса го ископала во 21. век.

На експертите од Алроса им била потребна повеќе од една и пол година да го направат дијамантот.

Првичната цена на дијамантот била проценета меѓу 13,1 и 19,7 милиони долари.

Алроса е една од трите најголеми компании во светот за ископување дијаманти.


Администратор
13/05/2021 14:47