Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска најави дека висок американски пратеник ќе отпатува да се сретне со израелските и палестинските лидери во обид да се најде излез од насилствата што ескалираа.

– Хади Амр, заменик помошник државен секретар одговорен за израелските и палестинските работи, ќе бара „деескалација на насилствата, изјави Блинкен.

Советот за безбедност на ОН ќе се состане вонредно денеска да разговара за ситуацијата. Состанокот, што ќе се одржи зад затворени врати, го побараа Тунис, Норвешка и Кина. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека е крајно загрижен за развојот на настаните во Појасот Газа.

ОН ги повикаа Израел и Палестинците да престанат со непријателствата пред ситуацијата да излезе од контрола. Тензиите меѓу двете страни во Појасот Газа може да прераснат во „тотална војна“, предупреди координаторот на Блискиот исток Тор Венесланд на Твитер.

Тој истакна дека лидерите на двете страни мора да преземат одговорност за деескалацијата и повика на итен прекин на огнот.


Администратор
13/05/2021 00:06