Потпишан договорот за изградба на третиот крак од канализациската мрежа во беровското село Русиново.

Проектот за изградба на канализациона мрежа – крак 3, во село Русиново, ќе се реализира преку програмата за инвестирање за животната средина за 2021 година, при што дел од средствата се обезбедени преку Министерство за животна средина, а останатите средства од Буџетот на Општина Берово, информираа од Општината.

Оттаму додадоа дека на истиот потег, во изминатиот период изградени се улиците ,,4” и ,,5”, при што со мрежата за отпадни води, е опфатена поголема целина и покриеност се со цел подобрување на условите за живот на жителите од село Русиново.

-Со реализацијата на овој проект исто така сметаме дека ќе се заштитат водите на река Брегалница, ќе се заштити животната средина и ќе се подобри социјалната кохезија. Со тоа докажуваме дека сме силно посветени на поддршка на руралниот развој во Општина Берово, а со тоа овозможуваме и поддршка на земјоделството, додадоа од Општината.

Министерството за животна средина во реализацијата на овој проект ќе учествува со средства во висина од 1 милион денари.


Администратор
12/05/2021 14:55