На 10.05.2021 околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, додека полициски службеник од СВР Скопје вршел службени дејства, се здобил со повреди, при исклучување на семафор (струен удар).

Тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.


Администратор
12/05/2021 01:10