Играчот за врска на италијанската фудбалска репрезентација и на ПСЖ, Марко Верати (28) ги повреди лигаментите на десното колено, поради што неговиот настап на претстојното Европско првенство е крајно неизвесен.

Верати, како што соопшти неговиот клуб, се повреди на тренинг, а според прогнозите на лекарите, ќе паузира меѓу четири и шест недели.

Италијанскиот играч од средниот ред сезонава поради повреди и Ковид-19 често беше надвор од теренот и одигра само 31 натпревари во дресот на ПСЖ, а сега му претстои нова пауза.

По елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампиони, ПСЖ е второпласиран во француското првенство со три бодови помалку од лидерот Лил на две кола до крајот на сезоната.

Европското првенство започнува на 11 јуни со мечот меѓу Италија и Турција на стадионот „Олимпико“ во Рим.


Администратор
11/05/2021 23:56