Откако минатата недела доби мурал во римската населба Тестачио на кој е прикажан како во одело вози „веспа“, португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо, кој од јули го презема италијанскиот прволигаш Рома, доби и сладолед, наречен „Специјален“ (Special One).

Сладоледот што го носи тренерскиот прекар на Мурињо е со вкус на манго и јагода, а го изработува една римска слаткарница, јавија денеска италијанските медиуми.

Мурињо минатата недела потпиша тригодишен договор со Рома и од стартот на новата сезона се враќа во Италија по пауза од 11 години и шампионската титула што ја освои како тренер на Интер, во чии редови тогаш настапуваше и македонскиот репрезентативец Горан Пандев.


Администратор
11/05/2021 23:45