Прекин на водоснабдувањето денеска од 11.45 часот имаат корисниците на на дел од ул. „23ти Октомври" од бр.25 до 310, соопшти ЈП „Водовод и канализација" Скопје.

Причина за прекинот на вода е уличен дефект ф150 мм на ул.„23ти Октомври" крстосница со „Васко Карангелевски".

Од ЈП „Водовод и каналзиација" најавија дека водоснабдувањето ќе биде во прекин до отстранување на дефектот.


Администратор
11/05/2021 14:12