Од 18 до 22 мај, Општина Центар се приклучува на акцијата на ЈП „Комунална Хигиена Скопје“, за собирање на кабаст отпад во општината.

Садовите за собирање на кабастиот отпад ќе бидат поставени на следните четири локации:

Паркингот на ЈП „ПОЦ“ спроти Веро Џамбо (Пролет) 2. Ул. Питу Гули, кај маркетот „Тинекс“ (Водно) 3. Чистинката кај контејнерите, пред влезот на ООУ „Ј.Х. Песталоци“ (Буњаковец) 4. Кружен тек, кај контејнерите (Дебар Маало)

Општина Центар апелира до жителите кабастиот отпад (стар мебел, електронска и електрична опрема), да го одложуваат на места специјално означени за тоа, наместо да ги оставаат до контејнерите, на јавни површини или одложуваат во тн. диви депонии.


Администратор
11/05/2021 13:22