ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 04.05. до 09.05.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак" на ЈП ПОЦ отстранети се 60 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор" санкционирани се 63 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, стои ви соопштиението од ПОЦ.

Воедно испраќаат апел до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот.


Администратор
11/05/2021 13:09