Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски продолжува со активностите за решавање на проблемите со кои се соочуваат Македонците.

Во рамки на тие залагања денеска заедно со градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски, остварија средба со заменик-министерот за инфраструктура и енергетика, Илир Бејтја.

– Разговаравме за решавање на проблемот со електричната енергија и канализацијата во општина Пустец. Операторот за дистрибуција на електрична енергија од Корча, заврши со тендерот и ќе започне со спроведување на терен на проектот за реконструкција на главната електрична линија во општина Пустец во должина од 55 километри, изјави за МИА, Стерјовски.

Додаде дека заменик-министерот Бејтја во име на министерството зa инфраструктура и енергетика искажал подготвеност во јуни 2021 година на операторот за дистрибуција на електрична енергија од Корча да им одобри фонд за реконстукција и на електричната мрежа за сите села во општина Пустец.

-Исто така, министерството за инфраструктура и енергетика преку ниционалната агенција за водовод и канализација ќе го финансира и проектот на општина Пустец за канализација на селата во Преспа, посочи Стерјовски.

Претходно благодарение на максималната ангажираност на Стерјовски владата на премиерот Еди Рама одобри 4 милиони евра за изградба на водоводна мрежа за сите населени места во општина Пустец.


Администратор
08/05/2021 17:47