Започна еко-акцијата на вработените во Јавното претпијатие „Камена Река“ за чистење на излезите од Македонска Каменица кон соседните општини Кочани и Делчево. Целта на денешната акција како што информираа од претпријатието е да се допринесе за подигање на еко свеста кај граѓаните за грижа кон чистата околина и природа.

-Во денешната саботна еко-акција со лесна механизација ќе бидат уредени и зелените простори покрај магистралниот патен правец А3. Истата се реализира на потегот од “Сушички мост” до Македонска Каменица и делот од Македонска Каменица до „Луковички рид”, информираа од претпријатието.

Апелираа по ваквата акција граѓаните подобро да внимаваат при справувањето со отпад.

-Чистата животна средина е бенефит за секој од нас. Важиме за релативно чист град, но за тоа да остане така, треба да се грижиме за негова чистота и во периферијата, додадоа во својот апел од ЈП ,,Камена Река”.

Според потребите, во наредниот период, од претпријатието напоменаа дека дополнително ќе бидат реализирани еко акции и во останатите приградски и рурални средини во општина Македонска Каменица.